Заев до верниците: Значењето на Велигден охрабрува, повторно да победи животот

0
1047
Претседателот на СДСМ Зоран Заев на сите христијански верници, кои го слават Велигден по Грегоријанскиот календар им го честита големиот празник Воскресение Христово – Велигден.

„Во мое име и во име на СДСМ Ви го честитам големиот празник Велигден!

Посакувам светлиот празник да го поминете во спокој и мир, со добро здравје.

Симболот на воскресението Христово, победата на животот над смртта и жртвувањето за општото добро нека бидат дополнителен мотив да се соочиме со предизвиците кои се пред нас и да успееме.

Значењето на Велигден охрабрува, заедно да се избориме против невидливиот непријател и повторно да победи животот.

Останете дома, заштитете се себеси и своите најблиски.

Животот ја победи смртта, Христос воскресе.“ стои во честитката на претседателот на СДСМ, Зоран Заев.