Владата на СДСМ обезбеди помош до 10.000 денари за домаќинствата кои се дел од неформалната економија

0
1075
Заеднички и солидарно, преку почитувањето на мерките за заштита на здравјето, како и преку конкретни мерки за директна поддршка на граѓаните ќе ја надминеме здравствената и економската криза којашто ја наметна вирусот Ковид 19.
Со пакетот економски мерки во вредност од 200 милиони евра, што го обезбеди Владата предводена од СДСМ, се обезбедува значајна помош за препријатијата, за работниците, за занаетчиите, но и за оние што се дел од неформалната економија.Домаќинствата кои останале без приходи или биле дел од неформалната економија имаат право на гарантирана минимална помош во висина од 4 до 10.000 денари, преку брз пристап во системот за социјална заштита.

Износот на правото зависи од бројноста и структурата на домаќинството и се движи од 4.000 денари за едночлено домаќинство до 10.000 денари за домаќинство сочинето од 5 возрасни членови.

Домаќинствата кои користат гарантирана минимална помош, ќе остварат и паричен додаток од 1.000 денари заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси во домаќинството и за месеците април и мај 2020 година.

За граѓаните кои останале без работа поради кризата, државата ќе исплаќа паричен надомест – месечна плата, во висина од 50 проценти од просечната плата на работникот во  последните 24 месеци, согласно Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност.

Обезбедени се сериозни финансиски олеснувања, се одложува наплатата на кредити, наплата на закуп на социјалните станови, а извршните дејствија од страна на извршителите се стопирани.

Мерките што се преземаат опфаќаат помош за 250.000 работни места и 35.000 компании, како и социјално загрозените граѓани. Во духот на солидарноста помагаме на оние кои се погодени од кризата и не дозволуваме никој да не остане без приход во овие тешки времиња.

Само заедно, солидарно и одговорно можеме да  победиме во борбата со коронавирусот и неговите последици.