ЗАЕВ : ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА НИ ДОНЕСЕ НАДЕЖ И ГОРЧИНА, НО НАЈВАЖНО ОД СЕ НИ ДОНЕСЕ СТАБИЛНОСТ, СИГУРНОСТ И ЈАСНА ПЕРСПЕКТИВА И СИЛА ЗА ПОДОБРО УТРЕ

0
743

Договорот од Преспа ни донесе и надеж, и горчина, и стремеж, и сомнеж. Но, најважно од сѐ, ни донесе стабилност, сигурност, јасна перспектива и сила за подобро утре, истакна поранешниот премиер на Македонија и еден од потписниците на Преспанскиот договор, Зоран Заев, денеска на Фејсбук, по повод петгодишнината од потпишувањето на договорот со кој се нормализираа односите со Грција.

– Пет години потоа, сведочиме искрено македонско-грчко пријателство. Пет години, Северна Македонија и Грција градат заедништво од темел. На тој темел добиваме помош од нашите европски и евроатлантски сојузници, на тој темел сме предводници на силни регионални иницијативи. На тој темел имаме стабилна економија иако веќе четврта година се бориме со пандемиски и енергетски кризи. Темелот ни е цврст, но ветриштата околу се силни – напиша меѓудругото Заев.