ЗАЕВ ВО РЕСЕН СЕ СРЕТНА СО ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ВО ПРЕСПА, ИЗЈАВИ ДЕКА ТИЕ ЌЕ СЕ ОБЕДИНАТ ОКОЛУ РАЗВОЈОТ НА РЕСЕН ЗА ПАРИТЕ ДА ПРОДОЛЖАТ ДА СЕ ВРАЌААТ КОН ГРАЃАНИТЕ И ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ

0
564

Се обединуваме за да продолжи развојот на Ресен, за парите да продолжат да се враќаат кон граѓаните и земјоделците.

✅ Во овие четири години постигнавме сериозни успеси во делот на економијата. Сите плати се во просек зголемени за над 6.000 денари или за најмалку 100 евра.

Невработеноста е на историски најниски 15,9%, за 300% ја зголемивме социјалната помош, зголемени се субвенциите за земјоделците, преку проектот Мој ДДВ преку 36 милиони евра вративме кај над 400.000 граѓани за само две години.

🍎 Што се однесува до земјоделците, до овоштарите и јаболкарите, кои се најзастапени во Ресен, за 20% ги зголемивме субвенциите за одржување на овошни насади за земјоделците со развоен капацитет, а субвенцијата за предадени јаболка се зголеми од 2 на 3 денари по килограм.

↗️ Субвенцијата за одржување на насади е повторно зголемена и тоа од 33.000 денари на 41.000 денари по хектар, а дополнително, кај оние овоштари кои имаат од 1 до 5 хектари поддршката порасна од 39.600 на 50.000 денари по хектар.

↗️ За овоштарите кои имаат насади во подрачја со ограничени можности во области над 700 метри надморска височина, како што е овој регион субвенциите се зголемени за дополнителни 15%, односно поддршката изнесува 57.500 денари по хектар.

И овие успешни политики мора да продолжат. А ќе продолжат само ако сме сплотени, само ако сме обединети околу идниот развој на Ресен и на државата.

Ги повикувам сите граѓани, да се обединиме и на 31 октомври да гласаме за да продолжи грижата за граѓаните, да продолжи помошта кон земјоделците, да продолжат да растат платите, а парите да се враќаат назад кај граѓаните.

Да гласаме да продолжи развојот на Ресен, да гласаме за број 12 и Живко Гошаревски.

Фејсбук статус на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.