(ВИДЕО) Заев во Куманово: Градиме правична држава за сите, обезбедуваме уште поголема социјална поддршка за граѓаните

0
1282
Изјава за медиуми, Зоран Заев, претседател на СДСМ.
Почитувани граѓани, почитувани новинари,
Три години бевме посветени на вистинска грижа за сите граѓани, на градење фер и праведна држава за сите.
Со упорност и посветеност, ги исправавме неправдите што режимот на ВМРО-ДПМНЕ им ги нанесе на стотици илјади граѓани.
12.000 стечајни работници денес добиваат месечен надомест од 8.000 денари, за да не бидат без примања, за да имаат со што да го минат месецот.
Покрај стечајните работници, бевме посветени на подигање на економскиот стандард и извлекување од сиромаштија на лицата приматели на социјална помош, на лицата со попреченост, на највозрасните кои не остваруваа право на пензија.
И во време на светска здравствена и економска криза, не се откажавме од концептот парите назад кај граѓаните, не престанавме со грижа и помош на оние на кои им се потребни.
Одвоивме 28 милиони евра преку мерките домашна платежна картичка и ваучер за  туризам за над 324.000 граѓани.
Во следниот период го зголемуваме опфатот на лица кои ќе добијат домашна платежна картичка. Покрај досегашните категории, во четвртиот пакет на економски мерки, по 9.000 денари на платежна картичка ќе добијат и стечајните работници, пензионерите со пензии до 15.000 денари, самохраните родители, како и лица кои се невработени а не се активни баратели на работа.
За три години направивме целосна реформа на системот на социјална заштита. Социјалната помош ја зголемивме за 300 отсто, воведовме детски и образовен додаток и го проширивме опфатот на деца со овие мерки.
И во следниот мандат социјалната грижа продолжува уште повеќе и уште подобро.
Обезбедуваме повисока социјална помош за 34.000 домаќинства и детски додаток за 65.000 деца!
Продолжуваме со мерките и политиките што носат шанси за сите и трајно извлекуваат од сиромаштија.
Наместо драконска и селективна казнена политика, воведовме опомена пред казна и пропорционално казнување. Казните за физички лица ги намаливме до 75 проценти.
Донесовме Закон за отпис на камати на долгови за физички лица. Со тоа, избришавме 10 милиони евра долгови на граѓаните, пари кои останаа дома во нивните буџети.
Сериозно ги намаливме извршителските и нотарските трошоци, како и цените на катастарски услуги. И тука не застануваме!
Сето тоа се мерки кои обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните, но обезбедуваат и фер и правичен пристап кон секој подеднакво.
СДСМ покажа и докажа дека се грижи за сите, ВМРО-ДПМНЕ покажува дека се грижи само за криминалецот во бегство Груевски и неговите криминални соработници.
Затоа, на 15 јули граѓаните ќе гласаат за концептот кој обезбедува повеќе пари во нивните буџети, а не за обнова на режимот кој им ги крадеше парите.

На 15 јули граѓаните ќе гласаат за фер и праведно општество и правна држава. Обнова на криминалот, обнова на режимот нема да има.