Дик Фагус Пехчево и Мебел Инжинеринг Штип престануваат со работа, работниците ќе одат на платен одмор!

0
2051

Дик Фагус Пехчево и Мебел Инжинеринг Штип како општествено одговорни компании од денес 23 Март 2020 год.во целост го прекинуваат работниот процес.

Сите вработени остануваат во редовен работен однос  како и пред Ковид 19 .

Здравјето и заштитата на нашите вработени нам ни се на прво место .

Не е време за финансиски калкулации ,за живот се работи!.

Упатуваме апел до сите компании да го следат нашиот пример.

Помалку луѓе надвор од домовите ,помала можност за ширење на вирусот! 

Со почит

Петре Јордев