ЗАЕВ БРУТАЛНО РАСПАЛИ ПО ПРИТАЕНОТО ВМРОВЧЕ ПОД НЕЗАВИСНА КОЖА, ДАНЕЛА АРСОВСКА : КАНДИДАТКАТА НА ВМРО-ДПМНЕ ГЛУМИ НЕЗАВИСНА, ЗАТОА ШТО ЗНААТ И САМИТЕ ДЕКА НЕМААТ ШАНСИ ПРОТИВ ШИЛЕГОВ

0
1217
ВМРО-ДПМНЕ на овие избори нема свој кандидат за градоначалник, знаат и тие, шанса немаат против Петре Шилегов, па затоа Мицкоски најде некој да му глуми независен и да му го понесе поразот на изборите, истакна претседателот на СДСМ Зоран Заев на конвенцијата на кандидатот за градоначалник и советници за Град Скопје.
Тој додаде дека можеби одлуката да се поддржи наводен независен кандидат не е на Мицкоски, туку на неговиот ментор од Будимпешта, бидејќи сигурно и менторот знае дека Петре Шилегов е апсолутен фаворит на изборите, па си бараат алиби за неминовниот пораз, во стилот ,,па таа не беше наш кандидат, ние само ја поддржавме”.
Таа кандидатка, иако има блиски релации со Груевски, сепак не се сложува да биде директна кандидатка на таква нереформирана и прочитана партија како што е ВМРО-ДПМНЕ, ама поддршката од таа партија е сепак помало зло, рече Заев.
ВМРО-ДПМНЕ ниту имале, ниту некогаш ќе имаат  кандидат како што го има СДСМ во името на Петре Шилегов. Тие тоа добро го знаат и затоа одат на варијантата ,,кандидатката е наша, ама и не е баш наша“, рече Заев, нагласувајќи дека со таков неискрен и нечесен однос, знаат и тие дека може да очекуваат само силен убедлив пораз.
Пораз, затоа што освен црнила, освен лаги и блокади ништо друго не нудат, и кога веќе немаат проекти, немаат програми за локален развој ќе се обидат државни теми да наметнат на локални избори, ќе се обидат да го релативизираат членството во НАТО, ќе се обидат да фрлаат дрвја и камења по Заев и за преспанскиот договор, и за обидите за добивање датум за преговори со Европската унија, преку изнаоѓање решенија за спорните прашања со Бугарија, нагласи Заев.
Тој уште еднаш им повтори дека компромисот не е предавство, туку патриотизам, грижа за татковината и нејзините граѓани, тоа е храбар чин на решавање проблеми од кој бегале сите досегашни челници, само за да си ја зачуваат удобната фотелја.
Е не сме сите исти, што би рекол Мицкоски, ваквите националистички и популистички филмови со кои се занимаваат луѓето од ВМРО-ДПМНЕ, одамна се надминати во модерна Европа и во демократскиот свет, порача Заев
Тој истакна дека во современите демократски текови и општества нема место за старомодни политичари кои се заробеници  на минатото.
Ем голема, ем бела им е палатата, а тие ем ситни, ем мрачни во душите, тие ќе останат нереформирани, заглавени во режимската матрица, а ние, прогресивните ќе продолжиме да сплотуваме и интегрираме, ќе продолжиме да го носиме Најдоброто за државата, за Скопје, за сите 80 општини, за граѓаните, за целиот народ, порача претседателот на СДСМ Зоран Заев на конвенцијата на кандидатот за градоначалник и советници за Град Скопје.