НСДП: Заминувањето на Груевски од политичката сцена ќе биде национален празник

0
973

По вчерашната седница посветена на разврската на политичките преговори за излез од кризата, Извршниот одбор на НСДП донесе одлука со која се поздравува договорот за поматамошна реализација на обврските преземени од страна на опозицијата и владејачките партии со договорот од Пржино, истовремено изразувајќи поддршка на кандидатите за министри и заменици-министри од редот на коалициониот партнер СДСМ, се вели во соопштението од НСДП.

Од партијата велат дека со постигнување на овој договор, сметаат дека започнуваат да се спроведуваат препораките на Прибе, а поврзани со сериозните недостатоци констатирани во сферите на следење на комуникациите, судство и обвинителство, надворешниот надзор од независни тела, избори и медиуми, што е само еден од предусловите за останување на сила на препораката за почетокот на преговори за полноправно членство во ЕУ.

„Докомплетирањето на тимот на Специјалниот јавен обвнител и обезбедувањето на сите услови за нормално функционирање на Специјалното обвинителство, дава висока гаранција дека ќе се започне со процес на расчистување на криминалот и политичката корпуција која речиси десет години, вкоренета во владејачката структура, го разградуваше демократското ткиво на Македонија. По оставките на најлојалните и клучни политички играчи на Груевски, кои беа и најчесто споменувани во прислушуваните разговори како носители на криминал, корупција, како иницијатори и извршители на уцени, закани, судски местенки, сосема логично е македонската јавноста да очекува и нивниот налогодавач наскоро да си замине од премиерската функција. НСДП очекува по постигнувањето на договорот, финализирањето на неговата содржина во Собранието и целосно имплементирање, вклучително и организацијата на фер и слободни избори на 24 април наредна година, во државата да започне процес на демократизација и морален препород во сите сфери на општествениот живот, односно нормализација на состојбите во судството, медиумите и јавните институции. Дефинитовното заминување на Груевски од премиерската фунцкција и политичката сцена може да се очекува дека ќе биде национален празник, бидејќи ќе значи ослободување на сите општествени сфери од стегите на авторитарната власт, а граѓаните конечно ќе може „слободно да дишат“, вела од НСДП.