Заев : Благодариме на сите пратеници во германскиот Бундестаг и на тимот Ангела Меркел

0
1020

Вечерва добивме прекрасна вест од Берлин. Бундестагот со огромно мнозинство даде поддршка за ЕУ да ги започне преговорите за членство со Северна Македонија.

Конечната одлука ја очекуваме во октомври, што ќе значи признание за граѓаните и институциите и за сите наши одлуки, напори и успеси. Ова е голем поттик, продолжуваме да работиме уште повеќе. Благодариме на сите пратеници во германскиот Бундестаг и на владиниот тим на канцеларката Ангела Меркел. 🇲🇰🇩🇪 – напиша на фејсбук премиерот Зоран Заев.