ЖИТЕЛ НА ГЕВГЕЛИЈА ДОБИЛ ПРИТВОР ЗАТОА ШТО ЈА ИСТЕПАЛ ЖРТВАТА, ЈА СИЛУВАЛ И И ЈА ЗАПАЛИЛ ОБЛЕКАТА

0
619
Јавен обвинител до Основниот суд во Гевгелија достави предлог за определување мерка притвор за лицето кое повеќепати силуваше другарка на неговиот роденден. Предлогот на Обвинителството е прифатен и на лицето му е определен притвор во траење од 30 дена, информираа попладнево од Обвинителството.
Како што појаснуваат, одлуката е донесена бидејќи постојат околности што го оправдуваат стравот дека осомничениот ќе се даде во бегство, ќе ја попречува истрагата со влијание врз сведоците и оти ќе го повтори или ќе го доврши кривичното дело.
Лицето е осомничено за кривично дело „силување“ од член 186 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.– На 19 декември, осомничениот со употреба на сила и сериозна закана дека непосредно ќе нападне врз нејзиниот живот и врз животот и телото на нејзините родители, ја присилил на обљуба оштетената, со која другарувале и се познавале повеќе години наназад.
Тие се договориле да се сретнат, бидејќи на осомничениот му било роденден. Тој ја зел оштетената со автомобилот и ја однел кај тениското игралиште лоцирано кај поранешната касарна во Гевгелија, каде почнал да ѝ зборува дека ја сака. Кога оштетената го одбила, станал агресивен, ја фатил со двете раце за вратот и започнал да ја дави од што оштетената изгубила свест. Кога се освестила, со возилото биле стигнати пред местото викано „Динќот“, па бидејќи осомничениот возел побавно, оштетената ја отворила вратата и побегнала надвор од возилото и почнала да бара помош, велат од Обвинителството.

Како што е наведено во соопштението, во близина немало никој, па осомничениот го запрел возилото, излегол надвор и кога ја стигнал, почнал со боксови да ја удира по лицето, во пределот на главата и очите.

Од ударите оштетената повторно паднала во бессознание, по што осомничениот ја ставил во возилото и ја однел во викендица во селото Конско, сопственост на неговото семејство.– Бидејќи пружала отпор, почнал да ѝ се заканува дека нема да излезе жива од таму, дека ако каже на некој, ќе ги убие нејзините родители и нејзините другарки, а заканите ги изрекувал држејќи секира до него.

Потоа извршил обљуба врз неа неколку пати, па ја запалил нејзината облека и телефон за да ги прикрие трагите.

Ја натерал да му вети дека нема да го пријави, по што ѝ дал друга облека од викендицата и ја оставил пред куќата во која живее, додаваат од Обвинителството.