ЕСКОБАР : ДОБИВМЕ УВЕРУВАЊЕ ОД СИТЕ НИВОА НА ПАРТИСКОТО РАКОВОДСТВО НА ВМРО-ДПМНЕ, ДЕКА ЌЕ ОСТАНАТ ПОСВЕТЕНИ НА ЕВРОПСКИОТ ПАТ

0
119

Очекуваме дека Северна Македонија ќе продолжи по европскиот пат. Добивме уверување од сите нивоа на партиското раководство на главната партија (ВМРО-ДПМНЕ) која победи на изборите, дека ќе останат посветени на тој пат, изјави заменик-помошникот секретар на САД во заминување и специјален претставник за Западен Балкан Габриел Ескобар, во онлајн интервју за Европскиот центар на Атлантскиот совет, пренесува Гласот на Америка.

На прашањето, дали по победата на ВМРО-ДПМНЕ и зголемената загриженост за Договорот од Преспа се` уште верува оти патот кон Европа ќе продолжи, како што изјави на денот на изборите, Ескобар рече:

„Да. Мислам дека Европа и САД многу јасно ја кажаа нашата позиција на претседателот по инаугурацијата дека целосно очекуваме оти Северна Македонија ќе продолжи по својот европски пат, ќе се посвети, ќе продолжи да биде посветена членка на НАТО, и верувајте ми, тие се посветена членка на НАТО. И добивме уверување од сите нивоа на партиското раководство на главната партија (ВМРО-ДПМНЕ) која победи на изборите, дека ќе останат посветени на европскиот пат.Тој нагласи дека всушност „постои сè поголем реализам дека нема друга алтернатива“.„Така, мислам дека ќе видиме и се надевам дека ќе видиме тој пат да продолжи да биде главна политичка цел на новата влада“,додаде Ескобар.