ТАМАН ПОМИСЛИВМЕ ДЕКА ИМА ПАМЕТ ВО ТОА ЛЕЈКАТА АМА БУБЕ УТЕПА СЕ ПРЕД КАМЕРИТЕ НА А1ОН : Георгиевски – Ако ми понудат да бидам премиер би коалицирал со ДПМНЕ

0
2557

Лидерот на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски пред почетокот на Централниот комитет во изјава за медиумите ги обвини Демократскиот сојуз и ФРОДЕМ за пропаѓањето на преговорите за формирање на десен блок.

Тој кажа дека не е вистина дека побарале од нив да биде потпишана изјава дека нема да коалицираат со ВМРО-ДПМНЕ, напротив како што рече, повеќе зборувале за тоа колку биле разочарани од Заев, како лидер на опозицијата, отколку што зборувале за Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

„Хипотетички, доколку на овие избори освоиме 15 пратеници и ВМРО-ДПМНЕ ни понуди со нивна помош да формираме малцинска влада, ние тоа би го прифатиле“, рече Георгиевски.

Тој кажа дека на централниот комитет ќе се разгледува можноста за реактивирање на преговорите за десен блок, но најверојатно коалицијата ќе биде единствено помеѓу ВМРО-НП, ОМ и Достоинство.

Според Георгиевски, Коалицијата за Промени и Правда намерно ги „минирала“ преговорите, а доказ за тоа се изнесените информации дека „пукнала тиквата“ за формирање на десен блок, додека преговорите се уште траеле.

Извор : А1он