ЕРДОГАН : РУСКОТО ПРИЗНАВАЊЕ НА ДОЊЕЦК И ЛУГАНСК Е НЕПРИФАТЛИВО

0
606

Руското признавање на независноста на самопрогласените Народна Република Донецк и Народна Република Луганск е неприфатливо, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Тој ги повика  страните да ги почитуваат меѓународните закони, јави денеска телевизијата НТВ.

– Сметаме дека оваа одлука на Русија е неприфатлива. Го повторуваме нашиот повик на здрав разум и почитување на меѓународното право од сите страни, појасни Ердоган. Тој додаде дека Анкара подготвила „пакети за претпазливост“ како регионална земја.

За Ердоган, руското признавање на Донецк и Луганск е „неприфатливо“