ЕКСКЛУЗИВНО: Низ Скопје се шушка дека Груевски се спремал вечерва за бегство во Грција преку див премин на границата со Грција

0
3071

Вечерва во Скопје чаршијата коментира дека на 24 часа пред првата затворска пресуда, Груевски се спрема за бегство во Грција каде ќе има еден вид на правен азил затоа што грчкиот врховен суд донесе одлука дека аболицијата на Иванов сеуште важи.

Дознаваме дека нашироко се коментира дека Груевски планирал да избега сам преку див премин на јужната граница.

Потоа планирал да го префрли семејството во Грција каде имал намера да бара политички азил како жртва на политички прогон.

Проблемот е што ќе мора да им објаснува на Грците дека е прогонет затоа што не сакал да го смени името и не знаеме која ќе биде реакцијата на Грците на тој негов блеф.

Нашите извори велат дека Груевски бил решен да бега по денешната пресуда во случајот Триста каде Поповски беше репнат со 9 години затвор. Ова било знак за Груевски дека ќе заглави во затвор на повеќе од 50 години ако се соберат сите судски процеси кои се водат против него.