ЕВРОАМБАСАДОРОТ ГИР : ЧИСТО Е – ОДРЕДНИЦАТА ЗА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ВО РАМКАТА Е БЕЗ ДООБЈАСНУВАЊЕ

0
571

Амбасадорот на Европската Унија во земјава, Дејвид Гир, го поздрави продолжувањето на консултациите за, како што ги нарекува, „ревидираните предлози“ претставени од француското претседателство со ЕУ на денешниот состанок на Советот за безбедност кај претседателот Стево Пендаровски. Во обајавата на Твитер, амбасадорот Гир напиша и дека е сосема чисто оти македонскиот јазик во преговарачката рамка е без дополнителни квалификации.

„Се надевам дека целиот процес ќе биде плоден, зацртувајќи го патот за отворање на пристапните преговори на ЕУ со Северна Македонија. Чисто е: одредницата за македонскиот јазик во преговарачката рамка е без дообјаснувања“,напиша Гир.

Објавата на евроамбасадорот може да се толкува како одговор на бројните тврдења дека францускиот предлог не нуди чиста формулација за македонскиот јазик.

Инаку, по денешната седница на Советот за безбедност, претседателот Пендаровски објави дека за него, модифицираниот француски предлог е прифатлив и дека тој не е ниту историски триумф, ниту историски дебакл.