ОПШТИНА ГАЗИ БАБА ПОТПИША МЕМОРАНДУМ СО ВЛАДАТА ЗА ПОВРЗУВАЊЕ НА ОПШТИНАТА СО ЛОКАЛНИ ПАТИШТА

0
751

Општина Гази Баба заедно со сите општини и град Скопје потпиша меморандум за разбирање за проектот за поврзување на локални патишта со Министерството за транспорт и врски.

Овој проект кој се однесува на изградба и рехабилитација на патиштата е само уште еден доказ дека Владата е верен партнер на локалната власт.

Ќе се работи на улиците “Никола Киров Мајски”, “Пехчевска” и “Жан Жорес” во Хиподром, со што оваа населба конечно по речиси 2 децении, ќе претставува една инфраструктурна целина и ќе ги поврзе новиот и стариот дел. Општина Гази Баба е веќе поготвена за реализација на овој проект.

Со ова, на лесен и ефикасен начин се поврзуваат Хиподром 1 и 2, ќе се олесни пристапот до основното училиште, до трговскиот комплекс во нивната околина.

Проектот кој ја опфаќа целата држава, овозможува лесно и брзо поврзување меѓу општините, економски развој и што е најбитно, подобрување на состојбата во самите општини, а со тоа и на условите за живот на граѓаните. Проектот за сите општини изнесува 70 милиони евра, а се очекува да заврши до 2024 година.

Фејсбук статус на градоначалникот на општина Гази Баба, Борче Георгиевски.