ЕВЕ УШТЕ ЕДЕН ШТО МИСЛЕЛ ДЕКА АПАСИЕВ И ПУТИН ЌЕ ЛЕЖАТ ВО ИДРИЗОВО ЗА НЕГО : КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ПРОТЕСТАНТ ШТО ФРЛИЛ КАМЕН И ПОВРЕДИЛ ПОЛИЦАЕЦ, ГО ЧЕКА КАЗНА ДО 5 ГОДИНИ

0
1150

Приведен демонстрант кој повреди полицаец за време на вчерашниот протест и против него поднесена кривична пријава.

Денеска (07.07.2022) од страна на Единицата за насилен криминал – Одделение за насилен криминал при СВР Скопје, по преземени мерки и активности, лишен е од слобода Г.К.(22) од Скопје. Имено, на 06.07.2022 околу 20.35 часот, за време на одржување на јавен собир на граѓани, организиран преку социјални мрежи, Г.К. започнал да фрла со тврди предмети кон полициските службеници кои вршеле службени дејства околу обезбедување на собирот, нанесувајќи му повреда на еден од нив.

Во координација со ОЈО Скопје поднесена е кривична пријава по брза постапка за кривично дело „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“ по член 385 од Кривичниот законик и лицето е изведено пред Судија на претходна постапка.