Еве како изгледа редок примерок на провладина пицајзла : Горан Петревски се „дави“ во професионалните стандарди па не ги објавува БОМБИТЕ на Заев!

0
1305

Главниот и одговорен уредник на информативната програма на МРТ, Горан Петревски, вели дека јавниот сервис не ги емитува разговорите од „бомбите“ на опозицијата кои говорат за криминал и корупција во врвот на власта, затоа што според него имало забрана од јавното обвинителство.

“ За нас таа препорака е меродавна и затоа не ги објавуваме материјалите кои се однесуваат на случајот „Пуч“, но ги следиме прес-конференциите на опозицијата“, изјавил Петревски за „А1он“.

Државната телевизија која наместо сервис на граѓаните кои ја плакаат е сервис на владата, има друг аршин за снимките од премиерскиот кабинет. МТВ  ги емитуваше снимките од разговорите меѓу премиерот, Никола Груевски и лидерот на опозицијата, Зоран Заев, за кои самиот премиер потврди дека се снимени со примена на ПИ мерки, а нивното објавување е кривично дело.

Прашан од а1.он за фактот дека на социјаните мрежи  новинарите на МРТ се секојдневно мета на напади поради непрофесионалното известување,Петревски изјавил “Правам се што можам според моите стандарди да направам најдобро што можам.“