Додека претседателот на ДИК Оливер Деркоски го чека првиот парламентарец да потпише ново решение за изборите, со нов изборен датум Талат Џафери ги чека партиите да постигнат консезус за изборниот термин, по што, како што вели, ќе ја исполни својата законска обрска.
-Се знае според Уставот кој распишува избори. Јас како претседател на парламентот ги распишав изборите на 12 април, кога ме информираа дека има консензус. Нека постигнат консензус и ќе ја исполнам својата уставна обврска, изјави Џафери.
Денеска лидерот на СДСМ Зоран Заев и се закани на Државната изборна комсија дека мора да ги спроведе изборите , додека нејзиниот прв човек Оливер Деркоски е јасен дека нема да свикува седница се додека не добие решение од Џефери кој е новиот термин.
Со ова Џафери му дава одврзани раце на Мицковски до бесконечност да го условува Заев и да ја држи земјата во заложништво!