Над 1.000 Струмичани против барокот на зградата на полициската станица

0
1062

platforma-698x357

Над 1.000 граѓани за само неколку часови се потпишаа против идејното решение за изгледот на зградата на старата полиција во Струмица.

Идејата за барокниот изглед на објектот, наметната од страна на власта на чело со Груевски, не ја сакаат струмичани, изјавија од платформата „Граѓанска демократија“. Масовниот интерес на нашите сограѓани јасно укажува дека не сакаат барок и во Струмица, потенцираат од невладиниот сектор.

platforma1

Од граѓанските организации велат дека целта е да соберат 2.000 потписи кои ќе бидат доставени до Министерството за финансии под чија надлежност е објектот до пратеничките гурпи од Струмица, со цел да делуваат во Парламентот за да се промени ова идејно решение.

platforma2

Во наредните денови, односно од понеделник, граѓаните и понатаму ќе можат да се потпишуват на пунктовите кои ќе бидат поставени пред Трговскиот центар „Глобал“  и на плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица.

platforma3Извор : 24Струмица