ДР – СОФИЈАНОВА : БЕБЕТО Е ДОНЕСЕНО ВО МНОГУ ТЕШКА СОСТОЈБА, ШТО ПРАВЕЛЕ КОЛЕГИТЕ ОД ПРИЛЕП!?

0
776

Бебето е приемно на Детската клиника во Скопје во исклучително тешка состојба, вели проф. д-р Аспасија Софијанова во Утринска на Телма, одговарајќи на прашањето што се случило со бебето кое почина на Детската клиника од сепса, а беше донесено од прилепската болница пред 1 недела.

Софијанова објаснува дека кога се раѓа бебето, и има жолта боја, докторите секогаш претпоставуваат дека станува збор за бебешка жолтица, но кожата на бебето може да е жолта и од некој друг инфект, кој стои во позадина, затоа треба внимателно да се набљудува.

Кога се раѓа бебето, треба внимателно да се набљудува, а оценката или апгар 10, ретко се дава. Првите реални оценки се 8-9, и оценката треба да ја даде неонатологот кој е присутен на пораѓајот, а што правеле колегите во Прилеп и дале оценка 10, не знам, вели д-р Софијанова.

Бебето кое почина може да добило сепса и од вагинална инфекција кај мајката, и поради тоа тој податок треба да се знае, и ако е така бебето се става на антибиотик во првите 48 часа, вели докторката. Додава дека вагинална инфекција е сериозен ризик кој може да доведе до фател исход кај новородените.