ДИРЕКЦИЈАТА ЗА ТИРЗ ГО ЗАПИРА ДОГОВОРОТ ЗА ДРЖАВНА ПОМОШ ЗА КОМПАНИЈАТА Е.ГО

0
147

-Запирањето на доделувањето на државна помош следи по добиени јавно достапни информации за поднесено барање за несолвентност на компанијата „мајка“ во СР Германија.

Барањето е поднесено пред надлежните судови во оваа земја. Со ова, Дирекцијата за ТИРЗ, како застапник на Владата ги активира заштитните механизми во потпишаниот договор, кои ги предвидуваат и овие околности (стечај, ликвидација), како предуслов за запирање на доделување на државна помош, велат од Дирекцијата за ТИРЗ.Нагласуваат дека и покрај доставените барања од страна на инвеститорот, досега не се доделени никакви средства на компанијата

-За сите понатамошни чекори поврзани со овој проект и натамошните активности околу евентуалната реализација Дирекцијата за ТИРЗ, како застапник на Владата во овој договор, како и досега, ќе дејствува целосно во заштита на јавниот интерес и навремено ќе достави информации, посочуваа од Дирекција за ТИРЗ.Компанијата е.ГО требаше да гради фабрика за електрични возила во технолошко-индустриската зона во Тетово.