Димитриевски : Започна поставувањето на нови полуподземни контејнери за отпад во Куманово

0
812

Започна поставувањето на нови полуподземни контејнери за отпад во Куманово. ➡ Ова е современ начин на депонирање на комунален отпад, при што еден контејнер има капацитет од 5 кубни метри отпад и практично заменува 6 обични контејнери.
✅ На 8 локации ќе бидат поставени вкупно 15 контејнери.
✅ Возилата на ЈП „Чистота и зеленило“ ќе собираат поголема количина на смет за пократок период.
✅ Покрај практичниот, подобар ќе биде и естетскиот ефект од новите контејнери.
✅ Сметот ќе биде затворен и нема да биде мета на животни ниту да ја загадува околината.
#ЗаНашеКуманово #ЗборотЕЗбор

Фејсбук статус на градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.