ДИМИТРИЕВСКИ : ДВИЖЕЊЕ ЗНАМ НЕМА ДА БИДЕ НИТУ СПАСИТЕЛ НА СДСМ НИТУ ПОТКРЕПА НА ВМРО-ДПМНЕ ЗА ДА ДОЈДЕ НА ВЛАСТ

0
289
Димитриевски: На следните избори СДСМ ќе изгуби, ВМРО нема да победи, се раѓа нова граѓанска иницијатива
 

На претстојните претседателски и парламентарни избори единствената коалиција којашто ќе ја направиме ќе биде коалиција со граѓаните. Политичкиот субјект ЗНАМ ќе настапи самостојно на следните избори. Тоа што ќе се случува по изборите ќе се случи врз база на постигнатите резултати и довербата којашто и ние, но и останатите политички субјекти ќе ја добијат во државата. ЗНАМ ниту ќе биде спасител на СДСМ, ниту пак ќе биде поткрепа на ВМРО-ДПМНЕ за да дојде на власт”, порача лидерот на политички субјект ЗНАМ и градоначалник на Општина Куманово, Максим Димитриевски во гостување на ТВ24. 

Новиот политички субјект Движење ЗНАМ – За наша Македонија денеска и официјално е регистриран со потпис за упис во Централен регистар, вели Димитриевски и ќе биде субјект од мултиетнички карактер којшто ќе се гради од граѓаните за граѓаните. 

 Целта е на следните парламентарни и претседателски избори да излеземе со наша визија, идеи и концепт како Македонија да се стабилизира како држава и да тргнеме во една позитивна насока.Што ќе се случи на следните избори? Нешто што претходно се случи во Куманово. Во Куманово СДСМ ги изгуби изборите, а ВМРО-ДПМНЕ не победи. Зошто? Затоа што се роди една нова, граѓанска иницијатива и по тој пример ние всушност ќе се водиме и на следните претседателски и парламентарни избори, истакнува Димитриевски.