ДИЛЕР ГОЛТНАЛ ДВЕ ПАКУВАЊА АМФЕТАМИН КОГА ВИДЕЛ ПОЛИЦИЈА – СЕГА Е ПРИВЕДЕН ЗАЕДНО СО ДВАЈЦАТА НА КОИ ИМ ЈА ПРОДАВАЛ ДРОГАТА

0
818

Како што соопшти полицијата,Т.М. (49) продавал дрога во близина на угостителскиот објект, а полицијата го затекнала додека им продавал на  Д.Ѓ.(33) и М.Т.(25), двајцата од Велес.

Дилер на дрога од Велес голтрнал две пакувања амфетамин кога во угостителскиот објект близу до автобуската станица влегла полиција.

Како што соопшти полицијата,Т.М. (49) продавал дрога во близина на угостителскиот објект, а полицијата го затекнала додека им продавал на  Д.Ѓ.(33) и М.Т.(25), двајцата од Велес.

„Во близина на угостителски објект на Автобуската станица во Велес, полициски службеници службеници го затекнале Т.М. при продажба на амфетамин на Д.Ѓ. и М.Т., а подоцна во угостителскиот објект, откако ги забележал полициските службеници, Т.М. голтнал две пакувања со амфетамин. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава“ соопшти полицијата.