МИРЧЕВСКИ : ПОВТОРНА ЗАКАНА ЗА УБИСТВО ДО ВРАБОТЕНИТЕ НА КАНАЛ 5

0
504

-На нашата вест која е класична агенциска вест за настан кој се случил во Хрватска и на која дадовме свое мислење во еден коментар, кој очигледно на одредени лица не им се допаѓа, добивме навреди но и сериозна закана. „Да е држава асална досега ќе бевте стрелани како кучиња“ е заканата од лицето Роберт Елбасанов кој има ваков ФБ профил. Реакција од ЗНМ нема и истата не ја ни очекуваме, затоа што таму Претседателот е загрижен за „удомување “ на ќерката во истата „невладина“ институција, која патем ќе биде дополнително тема на наша новинарска сторија, но очекуваме реакција и ОСУДА од :

Министерството за Внатрешни Работи Основно и Републичко Јавно Обвинителство Партиите: ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и сите останати помали парламентарни и вонпарламентарни партии. Исто очекуваме реакција и од надлежната агенција АВМУ, затоа што Канал 5 ТВ нема да дозволи на разни примитивци да ја загрозат сигурноста на нашите вработени! Ако не можете вие, кои ги имате алатките на државниот и институционалниот систем – тогаш ќе се самоорганизираме! Ова не е прва пријавена закана, но никој досега не реагирал – треба ли некој да биде навистина убиен, за да некој реагира?- напиша на фејсбук Иван Мирчевски Директор на Канал 5 ТВ.