ДИГИТАЛИЗАЦИЈАТА НА УЧИЛИШТАТА ВО ОПШТИНА БУТЕЛ ПРОДОЛЖУВА

0
269

📍Денес во ООУ ,,Св. Климент Охридски” поставивме смарт табли и со задоволство можам да истакнам дека ова училиште е прво коешто доби комплетно опремени училници, кабинети и кабинет по информатика со смарт уреди.

👫 Во училницата во која го завршив моето основно образование, одржавме час по историја на новите смарт табли.

🔙 Во изминатите две години обезбедивме смарт табли и компјутери, а со денешната инвестиција успеавме во целост да го реализираме дигитализирањето.

🧑‍💻 За нашите ученици, смарт уредите го зголемуваат интересот за наставата, додека за наставниците, овие технолошки алатки го збогатуваат наставниот процес.

❤️ Поддршката на образованието и вложувањето во наставниот процес и понатаму ќе остане да биде наш врвен приоритет.

😇 Влогот во најмладите е влог во нашата иднина!

Фејсбук статус на градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски