АРСОВСКА : ГОДИНАВА СЕ РЕКОНСТРУИРАНИ СПОРТСКИТЕ ИГРАЛИШТА НА СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА НА ГРАД СКОПЈЕ “ПАНЧЕ АРСОВСКИ” И “САРАЈ”, ДОДЕКА ВО УЧИЛИШТАТА ЃОРЃИ ДИМИТРОВ И МАРИЈА КИРИ СКЛОДОВСКА РЕКОНСТРУИРАНИ СЕ ЦЕЛОСНО СПОРТСКИТЕ САЛИ

0
206
Во рамки на активностите и во средното училиште на Град Скопје „Васил Антевски Дрен“ учениците сега имаат пристап до реконструирано спортско игралиште за кошарка, кое им овозможува на средношколците и наставниот кадар одлични услови за одржување на наставата по физичко воспитување, спортување, и рекреирање.
Град Скопје едновремено отпочна и со имплементација на проектот од програмата За модерно Скопје, со кој се реализира поставување на надворешни фитнес зони со современи фитнес реквизити во дворните места на училиштата, кои имаат за цел поттикнување на здрави животни навики кај учениците.

Преку овие инвестиции се овозможува на младите спортисти кои учествуваат во училишната лига, но и на сите средношколци да тренираат и да се надградуваат, со што надворешните спортски терени, фискултурните сали и фитнес зоните стануваат одлично место за дружење и спортување.