ДЕНЕС НОВИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА ПРИЛЕП, БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ И ОФИЦИЈАЛНО ЈА ПРЕЗЕДЕ ОДГОВОРНОСТА ДА БИДЕ ПРВ ТАТКО НА ГРАДОТ ПОД МАРКОВИТЕ КУЛИ СО ПРИМОПРЕДАВАЊЕ ОД ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ИЛИЈА ЈОВАНОСКИ

0
708

Почитувани сограѓани,

благодарен сум за вашата поддршка и ви ветувам дека во наредните четири години ќе се случат промени кои на нашиот град му се потребни. Мојата врата секогаш ќе биде отворена за вас. Ветувам дека чесно и домаќински ќе ја вршам својата нова функција и дека ќе се погрижам проектите кои што се во нашата програма да бидат остварени во целина.

Граѓаните и жителите на населените места заслужуваат решенија на нивните долгогодишни проблеми. Затоа, со заемната соработка со Советот на Општина Прилеп, ќе се погрижиме да секој граѓанин го оствари своето право брзо и ефикасно, без разлика во кој домен на општинското работење се работи.

Ваш, Борче Јовчески.

Фејсбук статус на градоначалникот на Општина Прилеп,  Борче Јовчески.