(ВИДЕО) ШОКАНТНО: АКТИВИСТ НА ВМРО-ДПМНЕ ПОПРЕЧУВАЛ ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА ПРЕД САЛА РАСАДНИК, ИНТЕРВЕНИРАЛА И ПОЛИЦИЈАТА

0
2099

На вчерашното снимање на едно видео обраќање на кандидатката за советничка Дина Спировска за скандалите околу салата Расадник и Данела Арсовска, се појавил активист на ВМРО-ДПМНЕ кој не дозволувал да продолжи снимањето и дофрлувал до присутните.

Повикана била полицијата која изготвила службена белешка и го отстранила човекот од локацијата, по што снимањето продолжило.

Што сака да скрие ВМРО-ДПМНЕ од граѓаните на Скопје што не дозволува да се снима салата Расадник? Зошто партиски активисти се подготвени физички да се конфронтираат заради независна кандидатка?