ДЕНЕС ГРАД СКОПЈЕ И АРСОВСКА ИЗВРШИЈА УВИД ВО РАБОТА НА УЛ.РУЗВЕЛТОВА

0
370

Почитувани,

Денес извршивме увид во работата на ул.Рузвелтова, која се реконструира на потегот од булевар Илинден до булеварот Партизански одреди.

Реконструкцијата на ул. Рузвелтова во оваа фаза е со рок на изведба од два месеци, се простира на површина од 7350 м2 и должина од 600 метри, со што ќе се овозможи зголемена безбедност и сигурност на сите учесници во сообраќајот.

Покрај нов коловоз, се работи на стабилизирање на основата на улицата со што се избегнува неквалитетна изведба која може да доведе до пропаѓање на истата, а пешачката зона ќе добие нов, модерен лик со соодветно хортикултурно уредување.

СООПШТЕНИЕ 28.03.2023