ДВИЖЕЊЕ ЗНАМ – ЗА НАША МАКЕДОНИЈА ЈАВНОСТА ЌЕ БИДЕ ИНФОРМИРАНА НАВРЕМЕНО И ТРАНСПАРЕНТНО ЗА СИТЕ ДОГОВОРИ СО ВМРО-ДПМНЕ, ИДНИТЕ КАДРОВСКИ РЕШЕНИЈА ЌЕ СЕ УТВРДАТ НИЗ ИНТЕРНА ПАРТИСКА ПРОЦЕДУРА

0
141

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија во досегашната работа е отворено и транспарентно во однос на информирањето на јавноста за чекорите што гипрезема во остварувањето на зацртаните политики и стратегии. Движењето ЗНАМ – За наша Македонија во тој дух ја информираше јавноста дека  ги отпочна преговорите за соработка со ВМРО-ДПМНЕ и учество воидната влада, како и дека во кусиот период на разговори, може да се каже дека истите се во завршна фаза.

Движењето ЗНАМ- За наша Македонија, како што истакнуваше и во кампањата за парламентарните избори, разговара и преговара  многу сериозно  со ВМРО ДПМНЕ врз основа  на платформа, со која настапи и на параламентарните избори, наречена „Проглас  за достоинствена Македонија“. За Движењето ЗНАМ е важно  Република Македонија да  е демократска, современа,  модерна, европска држава, втемелена врз Крушевскиот манифест и асномските принципи.

Република Македонија да е самоодржлива држава, која произведува сопствена храна и енергија, што индиректно придонесува  во јакнењето на независноста и суверенитетот на државата. Република Македонија како држава во која правдата е еднаква за сите и нема неказнивост и неказниви и селективност. Држава која промовира нулта толеранција кон корупција и ефикасно се справува со организираниот криминал.

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија исто така информира дека со ВМРО-ДПМНЕ  е разговарано и за одредени ресори, но тие во овој момент не се докрај дефинирани, ниту потврдени, а разговорите ќе продолжат во наредните денови. ЗНАМ  потенцира дека во духот на транспарентноста во работата  и почитта кон граѓаните и  јавноста, Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, навремено и точно ќе ги соопшти сите детали за кои е постигнат конечен договор за соработка и учество во идната влада.

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија како политички субјект има квалитетни  кадри кои можат да одговорат на предизвиците со кои се соочува државата во било кој ресор. Конкретните кадровски решенија и одлуките  за тоа ќе ги донесат органите на Движењето ЗНАМ, низ доодветна интерна партиска процедура и истите ќе бидат соопштени во јавноста. Секоја шпекулација за одредени имиња  и ресори Движењето ЗНАМ – За наша Македонија ги оценува како неточни и невистинити.