ЈА ИМАМЕ НАЈДОБРАТА КАДРОВСКА И ПРОГРАМСКА ПОНУДА ЗА ПОБЕДА НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ, ЉУПЧО НИКОЛОВСКИ: УТВРДИВМЕ НОВИ 16 ИМИЊА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ, ВКУПНО 51 ДОСЕГА

0
1259

Прес-конференција на СДСМ, Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ

Како што веќе најавивме, во фази ја објавуваме нашата победничка понуда со која излегуваме пред граѓаните убедени во голема победа на претстојните локални избори 2021 г.
По завршните анализи, испитувања теренски на јавното мислење, по спроведените истражувања и внатре во органите на партијата и секако по консултацијата со 82 илјади членови на партијата кои што ги правевме во претходниот период, Извршниот одбор продолжи со носењето на одлуките, претходната вечер утврди дополнителни нови 16 кандидати за градоначалници од СДСМ со што веќе имаме утврдени 51 кандидати за градоначалници во општините, имаме утврден и сигурен победник во градот Скопје.
1. Во Прилеп одиме на победа која ќе ја предводи кандидатот за градоначалник Горан Сугарески. Сугарески е добро познат на јавноста, со висок углед меѓу прилепчани, дипломиран правник, пратеник во неколку мандати, министер, директор на Царина, претседател на Надзорниот одбор на СДСМ. Убедливо кандидат со највисок рејтинг во Прилеп од било која политичка партија.
2. Во Свети Николе одиме на победа со актуелниот градоначалник Сашо Велковски, магистар по економски науки, кој има многу направено за Свети Николе и неговиот учинок и резултати се основата зошто Сашо е фаворит е на сите истражувања и анализи.
3. Во победнички Карпош, во општината каде СДСМ е сигурен победник и каде што имаме над 10% разлика во партиските истражувања и анкети, чест ми е да соопштам дека мојот досегашен колега во партијата, поранешен организационен секретар на СДСМ е кандидат за градоначалник на Карпош а тоа е актуелниот директор на Водовод Скопје, Душко Весковски. Дипломиран правник, магистер по човечки ресурси, успешен директор на Водовод Скопје, со огромен учинок и резултати и недвојбено кандидат којшто е пред било кој друг кандидат од било која друга политичка партија во Карпош. Во Карпош одиме на голема победа во првиот изборен круг.
4. Во Тетово, СДСМ ќе ја побара поддршката од граѓаните со доктор Хамдија Елезовиќ, стоматолог, роден тетовчанец, познат во Тетово како успешен во својата област. Нов член на Извршниот одбор на Општинската организација од Тетово кој што сме убедени дека ги има симпатиите и авторитетот кај сите заедници во мултиетничко Тетово.
5. Кандидат за градоначалник во општина Аеродром од СДСМ е Александар Филиповски, дипломиран економист, поранешен пратеник, со долгогодишно искуство во приватниот сектор, менаџер, на високи раководни позиции во познати приватни компании. Убедени сме дека Александар Филиповски е новиот градоначалник на општина Аеродром на база на сите истражувања, анкети и претпазливост во сите одлуки којшто ги носевме и затоа како шеф на Централниот изборен штаб гарантирам голема победа и јасна, прецизна во Аеродром.
6. Во Сопиште, општина која е целосно запоставена во изминатите 4 години од страна на ВМРО-ДПМНЕ, кандидат од СДСМ за градоначалник е Сашо Стојановски. Дипломиран правник, со богато работно искуство во повеќе компании, досегашен и претседател на Општинската организација во претходниот мандат и актуелен советник и координатор на советничка група на СДСМ во Советот на Општина Сопиште.
 7. Во Јегуновце одиме со актуелниот кандидат односно актуелниот градоначалник. Ова е општината која што по сите истражувања на партиското аналитички центар, по сите мерит системи којшто ги работевме и анализиравме навистина имаме голем успех во реализација на проектите во Јегуновце и затоа го кандидираме, Извршниот одбор донесе одлука за Дарко Блажевски да биде кандидат повторно за уште еден мандат во Јегуновце.
8. СДСМ ке има свој кандидат во Кавадарци и анализите покажуваат убедливо најдобар кндидат е Горан Тодоров, дипломиран инженер по индустриска лоистика, раководител во приватна компанија и претседател на ОО СДСМ Кавадарци.
9. Кандидат за градоначалник од редовите на СДСМ во Кратово е Влатко Бојковски. Млад и перспективен, беше вработен во централата на СДСМ, водеше крупни процеси и го водеше ИТ секторот на партијата, дипломиран инженер по информатика со работно искуство во повеќе приватни компании, кој што сам најави кандидатура, која што СДСМ ја поддржува.
10. Во Чешиново-Облешево, одиме со актуелниот градоначалник Горанчо Крстев – Грга како кандидат на СДСМ во Чешиново -Облешево.
11. Во Зрновци СДСМ одиме на победа со Виктор Ангелов, член на Централниот одбор на партијата и дипломиран машински инженер.
12. СДСМ истакнува исто така и кандидат за градоначалник во општина Илинден, а тоа на база на сите анализи и истражувања којшто ги направивме и на членството и на јавноста и на граѓаните е Александар Тодоровски, познат бизнисмен и стопанственик од општината.
13. Во Демир Хисар, СДСМ оди на победа со нов кандидат за градоначалник и тоа по сите истражувања и анкети, кој ќе биде градоначалник уште во првиот круг, магистерот по биотехнички науки Стевче Митревски, досегашен инспектор во државниот инспекторат за земјоделство, добро познат помеѓу граѓаните и жителите на Демир Хисар
14. Со нов кандидат за градоначалник одиме и во Ново Село, и таму исто така е еден млад, перспективен, посветен и докажан социјален работник со завршен Филозофски факултет од општина Ново Село, зад кого стојат жителите и анкетите тоа го докажаа а тоа е Звонко Ангелов, новиот градоначалник на Ново Село, каде што победивме и на предвремените избори, победивме и претходно, единството, реализацијата на проектите, младите и успешни кадри беа во фокусот на одлуките коишто Извршниот одбор ги носеше изминатата вечер.
15. Идеме со нов кандидат во општина Велес и тоа истражувањата и анкетите покажуваат дека недвосмислено најдобар кандидат од било која политичка партија во Велес е доктор Ненад Коциќ, актуелен пратеник, познат помеѓу велешани во борбата за зелен Велес, за здрава животна средина за многу нови проекти, кој што ги поддржа и кои што се реализираат во општина Велес и за кои што добива поддршка и од актуелниот и од целокупните структури и коалицијата во Велес и како човек кој што доаѓа од 3-тата изборна единица, повторно може да кажам дека победата со Ненад Коциќ е гарантирана.
16. Во Брвеница одиме на победа со доктор Мирко Стојановски. Актуелен градоначалник кој ужива доверба меѓу граѓаните и очекуваме нов мандат.
Ова се 16-те одлуки кои што отворено, транспарентно и демократски за кои членовите на раководството и Извршниот одбор носеа одлуки изминатата вечер.
Сите овие кандидати се убедливи фаворити на локалните избори. Кандидати кои што се блиски до граѓаните, чесни, одговорни, истакнати, искусни, но и млади и почитувани во своите средини, вредни, со конкретни планови и решенија, секој за својата општина. Затоа имам чест како шеф на централниот изборен штаб и генерален секретар, денеска да ги објавам. Особено затоа што 12 од овие 16 кандидати кои денеска ги објавуваме се нови имиња на пример во Аеродром, Карпош, Велес, Прилеп, Кавадарци, но и Илинден, Демир Хисар, Тетово…, голем дел од нив се млади и перспективни и како што кажав најголем дел од нив воопшто немале можност и шанса да бидат кандидати и да партиципираат на градоначалничката фунцкија.
Во оваа прилика сакам да се заблагодарам на досегашните кандидати за градоначалници кои беа сервис на граѓаните, кои даваат максимална поддршка на новите фаворити и новите победници на најголемата коалиција во државата. Не значи ова откажување од никого туку одговорност пред граѓаните, СДСМ го слуша гласот на граѓаните, внесува нова свежина и енергија и токму во тој правец се и новите одлуки кои што партијата ги донесе и ќе продолжи да ги носи во следните денови
Дел од досегашните кандидати за градоначалници кои покажаа одлични резултати и во кои граѓаните имаат голема доверба, секако дека ќе се вградат во рамки на одговорностите и партиципирањето на одговорноста кои што сите ние ги имаме, во оваа прилика сакам да кажам дека Стефан Богоев ќе биде носител на позиција во рамките на Владата, СДСМ е партија која дава најголеми шанси на младите и која што ги цени младите и им дава шанси да чекорат напред.
Имаме и млади кандидати, во Кратово (29), во Зрновци, Росоман, (25). Поддршката на концептот на млади и како кандидати за градоначалници и како кандидати за советници и носители на листи во наредниот период ќе продолжи, особено ќе го изразиме акцентот на носителки на советничките листи и СДСМ е предводник во тој концепт.
СДСМ била, е, и ќе остане прва во промените, движечка сила на татковината, мотор на напредокот.
Затоа што нема поголема чест и обврска да им се служи на граѓани, да се комуницира, да се решаваат проблеми и да се чекори напред. СДСМ тоа во овие изминати години го правеше најдобро што можеше и ќе продолжи уште подобро и уште повеќе и во наредниот период.
Во изминатите 4 години реализиравме над 7000 проекти на локално и централно ниво и ќе продолжиме со нашите победнички кандидати да ги поставиме приоритетите и да ги реализираме проектите кои што се од интерес на граѓаните.
Направивме и реконструиравме преку 1000 километри патишта, над 500 километри водоводи и канализација, 80 училишта, 59 градинки, 50 објекти на полицијата, над 30 здравствени установи.
Се зголемуваат платите во рамките на сите сектори и се подобрува угледот и рејтингот на државата и во тој правец ќе продолжиме. Заедно да не ги кочиме или блокираме и да не се враќаме назад во процесите, што е единствената понуда на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ заедно со неговите кадри, туку со млади, нови, енергични и работливи кадри да продолжиме напред.
СДСМ ја има најдобрата кадровска и програмска понуда и одиме на победа на локалните избори.
Машината на СДСМ е во погон, победа за да продолжи напредокот на општините, да продолжат инвестициите, изградбата на патишта, градинки, болници, школи, водоводи, улици, патишта.
СДСМ изминатата вечер покрај дискусијата и дебатата за секој еден предлог и анализа на сите анкети, отворено пред сите членови на ИО на СДСМ сите овие кандидати се утврдени со едногласна поддршка и јасно изразена волја на ИО, се разговараше и за партиските комисии и се донесоа одлуки за нови секретаријати на партиските комисии, се дискутираше за програмите кои што ги работат градоначалниците, продолжуваме со избор на најдобрите кандидати за советници, а до денес е рокот за самокандидирање за советници и повикувам да сите граѓани кои не се членови на СДСМ, а  сакаат да се дел од промените и напредокот на државата да поднесат апликација за членови на советите.
Имавме длабински дебати во поглед на сите прашања, како кандидатите за градоначалници и советници, така и за типот на кампањата која ќе биде одговорна и според протоколите од МЗ како и за сите наши теренски активности и новите комисии.