ДВАЈЦА УБИЕНИ, ДВАЈЦА ПОВРЕДЕНИ – ТРАГЕДИЈА ВО ТЕТОВСКИ ЧЕЛОПЕК

0
362

Двојно убиство се случи попладнево во тетовски Челопек. Повредени се и две лица, меѓу кои и осомничениот.

Според првичните информации на СВР Тетово, полициски службеници во тетовското село Челопек го лишиле од слобода И.И. на возраст од околу 60 години од тоа село, постапувајќи по пријава дека околу 14:10 часот во селото со огнено оружје усмртил двајца негови роднини, а еден повредил. Осомничениот, исто така, се здобил со повреди, најверојатно од огнено оружје.

Местото е под полициско обезбедување. Увид вршат екипи на СВР Тетово и Основнот јавно обвинителство.

Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.