ДВАЈЦА МАЛОЛЕТНИЦИ ПОРАДИ РАЗБОЈНИШТВО ПРИВЕДЕНИ ВО СКОПЈЕ, ПОДНЕСЕНА Е КРИВИЧНА ПРИЈАВА

0
323

Денеска (25.10.2023) полициски службеници од ОВР Центар и Бит Пазар при СВР Скопје приведоа двајца малолетници кои денеска околу 9 часот на територија на Бит Пазар со закана со остар предмет одзеле пари од други двајца малолетници.

Во присуство на родител, бранител и психолог од Центарот за социјални работи Скопје извршен е службен разговор со малолетниците и по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава по член 237 од КЗ.