ДВАЈЦА ЛУДАЦИ ПРЕДИЗВИКАЛЕ ГОЛЕМ ПОЖАР СО КОЈ ЗА МАЛКУ ЌЕ ГО ЗАПАЛЕЛЕ И ЦЕЛО СЕЛО ФРАНГОВО

0
83

ОВР Струга поднесе кривична пријава против две лица Б.И(50) од с.Франгово и Л.Р.(40) од Република Албанија поради предизвикување пожар кој за малку што не се проширил во с. Франгово, струшко.

„ОВР Струга поднесе кривична пријава против Б.И.(50) од струшкото село Франгово и Л.Р.(40) од Република Албанија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

Двајцата, со палење на отпадни материјали и стрништа во месноста „Добра вода“, атар на селото Франгово, предизвикале пожар чие ширење кон селото било спречено со интервенција на Територијалната противпожарна единица од Струга“.