ДАНЕЛА ИЗЛЕЗЕ НАЈГОЛЕМА ЕЛЕМЕНТАРНА НЕПОГОДА ЗА СКОПЈЕ ПОСЛЕ ПИКОЛОМИНИ И ЗЕМЈОТРЕСОТ

0
3305

Изминуваат првите 82 дена од мандатот на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, период во кој таа ветуваше дека ќе реализира 15 важни проекти.

Денес, скопјани може да видат дека сето тоа било само предизборна лага на Арсовска.

Денес, во Скопје нема беплатен јавен превоз, нема 10 километри изградени улици, нема нови автобуси, нема едношалтерски систем за јавни услуги, градот не е почист а сообраќајниот хаос е уште повеќе изразен.

Но затоа пак во овие два и пол месеци Данела Арсовска има 109 вработувања на партиски кадри, има партизација на јавните претпријатиа и установи под Град Скопје, има прекинати проекти и огласи важни а развојот на градот.

Се што Арсовска стори во овој период е десјтвување на штета на граѓаните и Градот и бегање од одговорност.

За само два и пол месеци, Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ го уназадија градот и работат спротивно на интересите на скопјани.

Тоа е нечесен, неодговорен и несериозен однос на Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението на владејачката СДСМ.