СПАСОВСКИ И НИКОЛОВСКИ ВО РАНКОВЦЕ: ГРАЃАНИТЕ ТРЕБА ДА ЗНААТ ДЕКА НЕ СЕ САМИ, ДРЖАВАТА Е СО НИВ, СИТЕ ИНСТИТУЦИИ СЕ МОБИЛИЗИРАНИ ЗА ГАСНЕЊЕ НА ПОЖАРИТЕ

0
765

По заминувањето од Крушево веднаш дојдов во Ранковце кадешто македонската полиција е на терен и помага во гасењето на пожарите.

Граѓаните не се сами, државата е со нив, ќе ги искористиме сите расположливи средства и ќе сториме се’ што можеме да ја спречиме огнената стихија низ целата држава.

Поради сериозноста на ситуацијата со пожарите, веднаш по заминувањето од Крушево, заедно со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, се упативме на локациите во Ранковце, каде што има активни пожари.

Службите се на терен, сите надлежни институции се активирани, со цел да се стави под контрола оваа состојба.

Состојбата ја следиме будно, координирано работиме со сите надлежни институции, со цел најитно спречување на поголеми штети. Од Ранковце, продолжуваме во регионот на Старо Нагоричане каде што исто така има активни пожари.

Државните органи се во полна подготвеност, да се справиме со ова успешно и ефикасно.

Вечерва остануваме на терен, заедно со граѓаните, со сите екипи, затоа што безбедноста, заштитата на населението и материјалните добра е наш врвен приоритет.