ДАЛИ ИМА СВЕТЛО ВО ТУНЕЛОТ, ДАЛИ ИМА ДНО ВО БУНАРОТ!?

0
1878

08.08.1991 македонскиот народ излезе на референдум, и сложно единствено гласаше за независност, за своја посебност , за своја полиција, за своја болница , за своја валута, за свое знаме , за свој грб, за своја држава.

Што се случи?Дали навистина го заслужуваме она што го живеевме овие скоро 32 години, дали има светло во тунелот, дали има дно во бунарот?Од самата независност,сите политички чинители се определија за влез во ЕУ и НАТО.Дали влезот во ЕУ и НАТО е толку скап раскош или цената што ја плакаме е превисока?

Веднаш по независноста Македонија се соочи со првата дипломатска криза или спор.Не бевме прифатени под Уставното име од страна на Грција во ООН.Најдовме компромисно решение во БЈРМ како привремено  референца, а  таа привремена референца траеше повеќе од 25 години.

На  5 октомври  1995 година со притисок на надворешни сили беше променето и знамето на државата.Во 2004 година  се променија границите на општините во Република Македонија, за конечно пред 5 години се потпише и Преспанскиот договор  кој  имаше за цел промена на Уставното  име на републиката.

Влогот беше ист. Чекор  со западните земји  и брз прием во европското семејство.Грција не блокираше триесет години, и кога го променивме името , кога сите помислија дека откочен е процесот за  напредок во разговорите со ЕУ,се појави Бугарија, која не не признава како Македонци, која не го признава Македонскиот јазик и македонската посебност, македонската историја и култура, па на ред се Уставните измени по диктат на нашиот источен сосед.

Се поставува прашањето – Дали вреди? До кога македонскиот народ да молчи до кога да голта она што ке му сервираат без да го праашаат дали му се допага или не?Дали вреди да останеме без р’бет само за да ги исполниме стратешките интереси на оваа земја кои се зацртани уште од осамостувањето.Дали некој ќе се сети дека во оваа држава живее народ и дали некој за нешто ке го праша?

32 години не газат, не негираат , не пустошат, уринираат по нас , а ние секогаш молчиме, секогаш е -,,уште ова и одиме во ЕУ”, се плашам дека нашата генерација нема да го дочека тоа, затоа што и да поминат Уставните измени, потоа ке се појави некоја нова Бугарија и некоја нова Грција.

Мојот став на темата е јасен и ке бидам што е можно пократок.

Да за напредок и сојуз со најголемите европски сили, но ако во ЕУ треба да влеземе како народ без корен, како народ без идендитет, ако во личната карта место националност ми пишува коси црти, ако немаме достоинство и чест…чуму ке ни е ЕУ?

Да за ЕУ, но не по секоја цена!

Пишува : Јован Чапов, студент на политички студии при правниот факултет- Јустинијан Први во Скопје.