ГРЧКИ ПЕНЗИОНЕРИ ИСТЕПАНИ НА ПЛАЖА НА ХАЛКИДИКИ ПОРАДИ ТОА ШТО НЕ КОРИСТЕЛЕ ЛЕЖАЛКИ ТУКУ КОРИСТЕЛЕ ПЕШКИРИ

0
783

Брачен пар од Грција бил нападнат од менаџер на плажа на Халкидики затоа што мажот и жената сакале да седат на пешкири, а не на лежалки.

„Хелас Пост“ објави сведоштво на брачниот пар по нападот на плажата Кастамонити.

Жртвите се на возраст од 70 и 74 години, а мажот се здобил со тешки повреди поради кои завршил на операција.

– Почна да нè навредува и да нè пцуе, а потоа почна да нè тепа. Викаше дека сака да нè удави во море. Повикав помош, но никој не дојде освен една девојка, вели жената.

Овој инцидент се случува во период во кој локалните жители и туристите го покренаа „движењто на пешкирите“ чие осново барање е баровите да ослободат делови од плажите кои не им припаѓаат за да можат лушето да се сместуваа на пешкири или столчиња кои сами си ги носат.