ДИРЕКТОРОТ НА СКОПСКАТА ЗОО – ЃОРЃИ ГАЛЕТАНОСКИ – НАЈПРИЈАТНО ИЗНЕНАДУВАЊЕ ОД НОВИТЕ ФУНКЦИОНЕРИ НА СДСМ

0
1460

Најмногу плукан од сите страни кога Петре Шилегов го постави за директор на скопската ЗОО.

Можеби тоа му беше инспирација да се докаже и мора да му се признае дека скопската ЗОО доживеа препород од секој аспект откако е тој на чело на оваа институција.

Иако нема конкуренција, една е ЗОО во земјава, сепак беше многу лесно да се залегне во фотељата и со прст да не се мрдне и да се бараат изговори де пари немало де ова немало и зоолошката да продолжеше да пропаѓа, но напротив имаме серија на нови живеалишта нови егзотични животни па дури и нова мини зоолошка посветена на изумрените диносауруси, навистина капа доле за популарниот Чомбе, позната скопска фаца, човек од скопскиот асфалт, не елитист, не дете на црвената буржуазија.

Браво, директор за пример, пријатно изненадување меѓу новите функционери на СДСМ.