ГРЧКИТЕ ВМРОВЦИ И НАЦИОНАЛИСТИ ОД ЗЛАТНА ЗОРА ФРЛААТ СО ДРВА И КАМЕЊА ПРОТИВ ДОГОВОРОТ ОД ,,ПРЕСПА” И ЗАПОЧНАА ПОСТАПКА ЗА ПОНИШТУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ КОЈ СПОРЕД НИВ БИЛ НАЦИОНАЛЕН ПОРАЗ НА ГРЦИЈА!

0
944
ГРЦИЈА ГО СПОРИ ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР

Со поддршка на Грко-американската унија од САД, а потпомогнати од искусни дипломати, врвни интелектуалци и меѓународно-профилирани професори, Грција започнува процедура за оспорување и уривање на Преспанскиот договор што лани го потпишаа инсталираните грчки и македонски премиери, Алексис Ципрас и Зоран Заев!

Првиот исчекор во оваа насока, Грците ќе го направат во текот на утрешниот ден кога во Европскиот парламент во Брисел (види фото) организираат официјално претставување и тркалезна маса на тема: “Зошто треба да се поништи договорот од Преспа”.

Домаќин на овој утрешен настан во Европарламентот е европратеникот од грчката нео-фашистичка партија “Златна Зора”, Јоанис Лагос.

Клучни говорници на темата “поништување на Преспанскиот договор” се најавени Крис Спиру, прв човек на Грко-американската унија и поранешен Конгресмен во САД, кој е предводник на Комитетот за спорење на легалноста на договорот од Преспа и амбасадорот Елефтериос Карајанис, поранешен челник на Дипломатската канцеларија на министерот за национална одбрана на Грција и екс-грчки амбасадор во неколку држави.

Во време кога сите политички опции во Македонија го прифатија Преспанскиот договор како завршена работа, да се надеваме дека оваа иницијатива на сериозни општествено-политички структури од Грција ќе му помогне на македонскиот народ да си го врати исконското име “Македонија” на својата држава!

 — feeling welcome at European Parliament.

Фејсбук статус на Бобан Нонковиќ, екс дописник на МИА.