Црни Грујо и Миле ми текна во 2009 ја пуштиле обиколницата која претходно го поплавила Стајковци

0
1571

„Нека е со среќа и аирлија“, рекол тогашниот премиер Никола Груевски на свеченоста што се одржала по повод предавањето во употреба на вториот дел од обиколницата на Скопје, од Хиподром до Оризари на 22.06.2009 година. Груевски ја имал честа и прв да се извози по новиот автопат што го изградил скопски „Гранит“.obikolnica

На свеченото пуштање во употреба Никола Груевски укажал и дека обиколницата ќе има директно влијание врз подобрување на животната средина: „Обиколницата ќе има огромно значење за пренесување и за пренасочување на транзитниот сообраќај исток-запад, ќе овозможи значајно растоварување на метежот во центарот на Скопје и ќе има директно влијание врз подобрување на животната средина“.

На свеченото отворање на обиколницата присуствувале и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, тогашниот министер Миле Јанакиески и поглаварот на МПЦ.

Груевски свечено ја пуштил обиколницата на 22.06.2009 и покрај тоа што неколку седмици претходно, тогаш најгледаната телевизија А1 ТВ предупредила дека „Обиколницата го поплави скопско Стајковци“ (29.05.2009), повикувајќи се на изјави на поплавените жители: „За едно 15 минути дојде огромна вода, која ја поплави во подрумот колата, се што имаше. Ова се случи откако се направи обиколницата. Пред тоа немавме проблем“, вели Митко Петровски, жител на Стајковци.“ Тогашниот инвеститор на обиколницата, Агенцијата за државни патишта тогаш тврделе дека одводна мрежа имало направено и дека причините за поплавените куќи не била обиколницата.

stajkov

Два дена откако Груевски благословил „нека е со среќа и аирлија“, скопско Стајковци било повторнопод вода, а жителите како причина за поплавата ја посочувале обиколницата: „„Откако е направена обиколницата, од тогаш веќе по трет пат ние не спиеме мирно. Секоја вечер кога врне дежураме на патов и не да сме поплавени, скроз сме поплавени“, рече Марјан Ѓорѓиевски, жител на село Стајковци.“

Во 2009 А1 ТВ информира дека Градоначалникот на град Скопје и градоначалникот на општината Гази Баба контактирале со Фондот за патишта и добиле одговор дека проблемот ќе се решел: „Таму треба да се ископа канал, водата да се насочи да не оди кон куќите, туку кон каналот“, изјави Тони Трајковски, градоначалник на Гази Баба. „Тој проблем почнува да се отклонува, „Гранит“ како изведувач на обиколницата и се надеваме дека тој брзо ќе биде завршен“, рече Коце Трајановски, градоначалник на Скопје.“

За разлика од Агенцијата за државни патишта која претходно тврдела дека причините за поплавените куќи не била обиколницата, градоначалниците Коце Трајановски и Тони Трајковски прифатиле дека има проблем со обиколницата, но ги увериле жителите на Стајковци дека проблемот ќе биде брзо решен.

На 06.08.2016 обиколницата беше повторно причина за голема поплава на Стајковци и околината, при што настрадаа десетици луѓе и беше направена огромна материјална штета.

Градоначалниците Коце Трајановски и Тони Трајковски не чувствуваат одговорност за штетите од поплавата, а не чувствува ниту тогашниот премиер Никола Груевски кој свечено ја пуштил обиколницата, знаејќи дека била посочена како причина за поплавувањето на Стајковци.