ДУРИ СЕГА ГРУЕВЦИ ЌЕ ИМААТ ПОТОП НИЗ НОГАВИЦИ И ЌЕ БЕГААТ СО ПРИВАТНИ АВИОНИ ОД МАКЕДОНИЈА ОД АПС: ИЗМЕЌАРОТ НА ФАМИЛИЈАТА, МАРКО ЗВРЛЕВСКИ РАЗРЕШЕН СО 64 ГЛАСА ЗА

0
2464

Собранието на Република Македонија по маратонска и бесмислена седница, попладнево во присуство на пратениците на ВМРО ДПМНЕ на почетокот, а кои излегоа на гласањето, го разреши јавниот обвинител Марко Зврлевски.

За разрешувањето на Марко Зврлевски гласаа за 64 пратеници. А тоа го поздравија и со аплауз.

Претседателот на Собранието Талат Џафери оцени дека Антикорупциска со мислењето доставено до Собранието без тоа да бара дали може да се разреши или не обвинителот во период на локални избори, го прекришила законот и повика да си поднесат оставка, затоа што му кажала на Собранието што да работи.

Марко Зврлевски е роден 1960 година во Дебар. Кариерата ја почнал како новинар во 1989 година во Македонската радио телевизија. Избран беше за заменик обвинител во времето на ВМРО ДПМНЕ во 2000 година во скопското обвинителство, за кратко време подоцна, во 2001 година да му биде даден предметот за прислушувањето „Големото уво“ каде што бараше апсење на Бранко Црвенковски. Беше тргнат на крај на оваа истрага од предметот, а обвинението против тогашната министерка Доста Димовска и Александар Цветков го потпиша Гордана Ѓешкоска, сегашната скопска обвинителка која без мандат ја раководи клучната позиција во скопското обвинителство.

По 5 години во ОЈО Скопје, во декември 2005 година беше „унапреден“ во Одделението за гонење на сторители на кривични дела од областа на организираниот криминал и корупција. Во ноември 2009 беше избран за шеф Основното јавно обвинителство – Скопје, од која позиција на 21 јануари 2013 година на 52 собраниска седница Марко Зврлевски беше именуван за Јавен обвинител на Република Македонија.

Законот за Јавно обвинителство, кои многу пратеници на СДСМ не го познаваат и тврдеа дека Зврлевски ќе остане да работи како заменик обвинител, пропишува дека јавен обвинител на кого му истекол мандатот (регуларно) а доколку не бил избран повторно на истата позиција, не конкурирал или од други причини, тогаш тој продолжува да работи како заменик (односно јавен обвинител) во истото обвинителство.

Но, оваа одредба не се однесува на обвинители кои се разрешуваат пред истек на мандатот, а уште помалку ако разрешувањето е поради нестручност. Најголемата пречка „за евентуално останување на Зврлевски во ЈОРМ“ е и таа што тој не бил обвинител во Јавното обвинителство и од таа позиција да биде избран, туку бил шеф на скопското обвинителство.

Затоа, од утре почнува да тече рокот за Собранието да распише оглас на кој во рок од 15 дена заинтересираните кандидати ќе поднесат кандидатури, а потоа следува процедурата: Владата дава мислење за одреден предлог, кој оди на мислење во Советот на јавни обвинители, а по давање на мислењето од Советот, Владата го испраќа до Собранието, кое гласа за новиот јавен обвинител.

Според роковите кои претстојат, нов јавен обвинител тешко може да се добие пред 1 октомври оваа година.

Извор: Сведок