Режимската ПИЦАЈЗЛА Томе Аџиев пак ровари за да го избрка Фрчкоски од Правен факултет

0
1223

Томе Аџиев, од укинатата Комисија за лустрација, повторно упатил барање до Сенатот и до Ректорот на универзитетот „Кирил и Методиј“, да се избрка од работа професорот Љубомир Фрчкоски, бидејки одлуката на Комисијата за лустрација, според која тој бил наредбодател, станала конечна, објави Либертас.

Барањето на Аџиев, како и првото испратено пред една година до деканот на Правниот факултет е незаконско, затоа што со Законот за лустрација не се опфатени јавните служби како професурата, која е професија, а не јавна функција, туку тој се однесува на вршењето јавни функции на кадри избрани од Собранието и од Владата.

Порталот потсетува дека за ова имало детално образложение од Правниот факултет, а и инспекцијата на Министерството за образование се прогласила ненадлежна да спроведува решенија на Комисијата за лустрација.

„Барањето на Инквизиторите од комисијата е упатено на погрешна адреса, кон Сенатот и ректорот на Универзитетот, бидејќи тие не го бирале Фрчкоски во неговото сегашно звање – редовен професор. Тој е избран по стариот закон, само од наставничкиот совет на Правниот факултет два пати – и со тоа е редовен професор до крајот на својот работен век. Правниот факултет веќе еднаш едногласно, со одлука на Наставничкиот совет, го одби барањето на Лустрациска“, пишува порталот.