ГРУБИ УШТЕ ОДАМНА СИ ЈА ПОДНЕЛ ОСТАВКАТА КАЈ ШЕФОТ НА ДУИ

0
377

Од првиот ден кога станав функционер му ја испратив оставката, неговиот збор е последниот збор за мене, им порача првиот вицепремиер Артан Груби на жителите на Чаир.

Првиот вицепремиер Артан Груби, на средбата со жителите на Чаир, истакна дека на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, му поднел оставка од првиот ден откако е назначен за вицепремиер.

– Дури и јас и Бујар, ако Али Ахмети ни каже да одиме во дома од денеска, нема никаков проблем. Од првиот ден кога станав функционер му ја испратив оставката, неговиот збор е последниот збор за мене – им порача Груби на жителите на Чаир, објави Тетовасот.

Според Груби, Али Ахмети дал сѐ од себе за Чаир и за Албанците од Скопје.
– Ахмети даде сѐ од себе за Чаир и сиот свој политички капитал го даде на Чаир, можеше да го испрати „Скендербег“ во Тетово, Универзитетот „Мајка Тереза“ ​​да го однесе во Кичево, а плоштадот да го направи некаде во Гостивар, каде што ќе беше многу полесно, но неговата политика беше да ги овласти Албанците од Скопје и да ја врати политиката во Скопје, а тоа ви пречи – рече меѓу другото Груби.