ЗА БРЗО ВРЕМЕ ЌЕ ГИ ВИДИТЕ НАШИТЕ НОВИ ПОБЕДИ НА ФРОНТОТ – ПРИГОЖИН ПАК СЕ ЗАКАНУВА, АМА КОМУ?

0
660

Во блиска иднина, сигурен сум дека ќе ги видите нашите следни победи на фронтот, порача поранешниот водач на групата „Вагнер“, Евгениј Пригожин.

Доскорешниот водач на групата „Вагнер“, Евгениј Пригожин, рече дека неговите платеници ќе уживаат во „нови победи“ откако успешно се „бореле против предавниците и го мобилизирале општеството“ во нивниот неуспешен воен удар минатиот месец. Водачот на групата „Вагнер“, кој беше протеран во Белорусија откако ги маршираше своите сили на 200 километри од Москва, го прекина молкот во аудио порака на Телеграм.

Ова е прва јавна изјава на Пригожин откако претходно тврдеше дека им наредил на своите луѓе да се вратат во базата за да се спречи крвопролевање – и дека не се обидувал да го собори Владимир Путин.Во својата нова порака, тој рече: – Во блиска иднина, сигурен сум дека ќе ги видите нашите следни победи на фронтот.