ГРУБИ ЗА ИНФОМАКС : СО КОРИДОРОТ 8 СЕ ПОВРЗУВАМЕ СО ИТАЛИЈА, АЛБАНИЈА, МАКЕДОНИЈА И БУГАРИЈА, ДОБИВАМЕ ПРИСТАП ДО ПРИСТАНИШТА, СОЛУНСКОТО, ДРАЧ, ВАЛОНА И БУРГАС ВО БУГАРИЈА И ИНФУЗИЈА ОД НАД 1,3 МИЛИЈАРДА ЕВРА ВЛЕЗ ВО НАШАТА ЕКОНОМИЈА!

0
459
  • Со Коридорот 8 преку Италија се поврзуваме со Албанија, Македонија и Бугарија. Добиваме пристап автоматски уште на две пристаништа освен Солунското пристаниште коешто има монопол врз нашата економија, добиваме пристап кон пристаништето во Драч, две во Албанија и Валона, како и во Бугарија во Бургас.

    Македонската економија ќе закрепне затоа што ова е голема инфузија од над 1,3 милијарди влез во нашата економија. Сите компании коишто се во државата ќе работат, Бехтел не работи со подизведувачи туку ги ангажира како нивен дел, значи ќе работат за Бехтел а не како подизведувач бидејќи Бехтел одговара за квалитетот на изградбата. И затоа не стои тезата на ВМРО-ДПМНЕ дека со Бехтел ќе има корупција, дека компаниите во државата се подизведувачи итн.

    Вицепремиерот на Владата Артан Груби во интерјву за ,,Инфомакс” во ,,Мрежа”.