Бонева: Лага е дека сум рекордер во земање на патни трошоци и дека со криминални пари сум купила станови!

0
1129

Поранешната пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева, денеска седна на обвинителна клупа, во Кривичниот суд, каде што и се суди за случајот на СЈО „Друмарина“.

Бонева одговара оти од 2011 година до 2015 година, наводно со лажни сметки од патарини си наплатила 100.000 евра народни пари за патни трошоци. Обвинителството тврди дека таа ги донела во заблуда службите во Собранието бидејќи им кажувала дека за секоја работна обврска во Парламентот патува од Струмица. Но, таа всушност престојувала во Скопје.

Бонева, пак, тврди дека е невина.

-Со приложените 6.967 докази и 28 сведоци ќе докажам пред судот и пред јавноста дека обвинението против мене е невистинито и паушално исто како и големите лаги дека сум рекордер во земањето патни трошоци, како и големите лаги дека сум купила станови со криминални пари, рече Бонева.

Адвокатката на Бонева оцени дека иронија е тоа што поранешното СЈО изготвило обвинение за додатоци на плата.