ГРОМ ЈА ИЗГОРЕ КУЌАТА НА МАКЕДОНСКИ ПОЛИЦАЕЦ СО ЧЕТИРИ ДЕЦА

0
1076

Македонскиот полициски синдикат вечерва објави дека ќе му помогне на полицаецот Ивица Кузмановски кој има четири малолетни деца, а при тоа за време на невремето пред два дена гром му ја изгоре речиси целосно куќата.

„Денес, Директорот на Бирото за јавна безбедност, д-р Сашо Тасевски, Заменик директорот на Бирото за јавна безбедност, Арбен Јашари и Претседателот на Македонскиот полициски синдикат, д-р Марјан Кицев беа во посета на домот на Ивица Кузмановски, вработен во Министерството за внатрешни работи и Претседател на ОО при МПС каде пред два дена од удар на гром целосно изгоре внатрешниот дел од семејната куќа и целата покуќнина на семејството Кузмановски“, сопшти синдикатот.

При посетата е договорено преку заедничка акција поддржана од Министерството за внатрешни работи и Македонскиот полициски синдикат да се обезбедат нормални услови за живот на семејството Кузмановски кое има 4 малолетни деца.